Фенербахче ја „прескокна“ Валенсија и остана во игра за плеј-оф во Евролигата

Турскиот гигант Фенербахче во директен дуел за место во плеј-офот во Евролигата ја совлада шпанска Валенсија на гости со … Фенербахче имаше контрола на натпреварот уште од самиот старт добивајќи ја првата четвртина со седум поени разлика 14-21. Во следните три четвртини натпреварот беше во егал, но сепак Турците успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до  конечен триумф од 86-93

Дерик Вилијамс со 22 поени беше прво име во победничкиот табор, додека забележителна ролја имаа и Слукас и Датоме кој мечот го завршија со по 13 поени. Кај поразените Вања Маринковиќ уфрли 22 поени.

Во останатите два натпревари од денешната понуда Химки го декласираше АСВЕЛ со 108-79, а Жалгири по продолженија ја победи Олимпија Милано со 105-97.

Се вчитува...