Фенербахче сака долга соработка со Јасикевичиус

Актуелниот шампион на Евролигата, Фенербахче сака на клупата долго да остане литванскиот стратег Шарунас Јасикевичиус кој донесе голем успех за турскиот тим освојувајќи ја само втората титула во најсилното европско кошаркарско натпреварување во историјата.

Тоа го потврди Чем Чиритчи, членот во раководството на Фенербахче одговорен за кошаркарскиот сектор. Иако Фенер игра крајно променливо на стартот од новата сезона, литванскиот стручњак ја има апсолутната доверба на челниците на клубот.

„Пресреќни сме со нашиот тренер. Неговиот карактер, неговата страст на теренот и влијанието кое го има на кошаркарите и на фановите е непроценливо. Пресреќни сме и сакаме да работиме со него уште долги години“, изјави Чиритчи.

Се вчитува...