Дончиќ и Кокошков пак заедно – Феникс ќе бира прв на НБА драфтот

Екипата на Феникс Санс која во следната сезона ќе ја предводи Игор Кокошков ќе го има правото на прв избор на НБА драфтот 2018. Тоа е резултатот на синоќешната лотарија за редоследот на екипите при изборот на играчи закажан за 21 јуни. Втората позиција му припадна на Сакраменто, а третото на Атланта Хоукс.

Најголеми губитници при лотаријата беа Мемфис гризлис, кои од второто паднаа на четвртото место.

Со оглед на фактот дека Кокошков планира „револуција“ во Феникс, за очекување е српскиот стратег како прв пик да го избере Лука Дончиќ, суперталентираниот Словенец со кого лани стигна до титулата на Евробаскет 2017.

Се вчитува...