Феноменалниот Димитријевиќ и Валенсија го „урнаа кралот“

Македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија стигнаа до голема победа на гостувањето кај лидерот во шпанското првенство Реал Мадрид од 93-94.

И двата тима натпреварот го отворија шутерски расположени постигнувајќи вкупно 61 поен во првата четвртина, по која гостите имаа минимална предност од 30-31. Во вториот период одбраните конечно проработеа, па на полувреме Валенсија замина со предност од три поени (48-51).

Во вториот дел двата тима играа во серии. Прво Димитријевиќ и друштвото ќе се одлепеа, по што веднаш ќе следуваше одговор на домаќините, а со предност од плус три (71-74) Валенсија влезе во последните десет минути.

Во рововска битка во последните десет минути избраниците на Пенароја успеаја да оделеат од нападите на „кралевите“ и на крајот да стигнат до голем триуфм од 93-94. Димитријевиќ имаше голема улога во победата на својот тим постигнувајќи 10 поени, надополнети со пет асистенции и три скока. Кај Валенсија најефикасни беа Препелиќ и Дубљевиќ со по 16 поени, додека кај Реал Љуљ заврши со 17 поени.

Се вчитува...