Феноменалниот Дончиќ донесе нов триумф на ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија победничката низа во НБА лигата триумфирајќи и над Њу Орлеанс со 133-121 благодарение на новата одлична партија на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.

Дончиќ овој пат го предводеше својот тим со 34 поени, 12 скокови и седум асистенции за 35 минути поминати во игра. На спротивната страна се истакна МекГовенс со 23 поени.

Шампионот Оклахома исто така ја продолжи победничката низа триумфирајќи на гостувањето кај Портланд со 115-123 и покрај „трипл-дабл“ учинокот на Дени Авдија кој средбата ја заврши со 31 поен, 19 скокови и 11 асистенции.

И овој пат лидер на Оклахома беше Шеј Гилџус-Александер со 26 поени, четири скокови и пет асистенции.

Во останатите натпревари:

Јута – Хјустон 101-129
Кливленд – Бостон 115-117
Њујорк – Торонто 116-94
Филаделфија – Атланта 134-142
Минесота – Сан Антонио 125-112
Сакраменто – Мемфис 107-115

Се вчитува...