Ферари и Леклер – заедно до 2024 година

Шарл Леклер имаше извонредна дебитантска сезона во болидот на Ферари, стигнувајќи до две победи, седум пол-позиции и десет места на подиумот, што беше доволна причина за челниците на италијанскиот тим да сторат се за да го задржат младиот возач од Монако во својот табор. Преговорите за нов договор завршија експресно, па Леклер денеска и официјално се обврза да остане член на Ферари до крајот на 2024 година.

„Многу сум среќен што ќе останам во Ферари. Ова беше година на соништата за мене, да возам за најреномираниот тим во историјата на Формула 1. Едвај чекам уште повеќе да напредуваме, и јас како возач и сите заедно како тим“ – изјави Леклер по потписот на новиот договор.

За разлика од него, Себастијан Фетел во 2020 година ќе ја вози последната сезона во тимот на Ферари, откако беше донесена одлука на поранешниот светски првак да не му биде понуден нов договор.

Се вчитува...