Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал повторно го воодушеви светот на фудбалот со својот одличен настап против Бенфика во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампиони.
За 17-годишникот говореше и легената на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд кој на социјалната мрежа „Х“ испрати интересна порака.
„Никогаш не сум видел ништо слично на него во ова доби од животот. Никој не инспирира како него со константност и вакви достигнувања“, напиша Фердинанд.
Јамал го одбележа натпреварот и со рекорд, со кој стана најмладиот играч кој постигнал гол и запишал асистенција на еден меч во ЛШ. Шпанецот во 11. минута асистираше до Рафиња за 1-0, а потоа во 27. минута самиот постигна прекрасен гол за предност од 2-1 за „Каталонците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА