Фергусон отпатува со тимот на Манчестер Јунајтед на гостувањето во Барселона

Легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е дел од тимот кој отпатува во Барселона, на реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите кој ќе се игра на „Камп ноу“. Популарниот Ферги, за прв пат патува како официјален член на тимот, по неговото напуштање на „кормилото“ на тимот од „Олд Трафорд“ во мај 2013 година.  Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека не верува во судбината, но дека понекогаш работите мора да се поклопат, за да се стигне до успех.

Сер Алекс Фергусон беше менаџер, на финалето од Лигата на шампионите во 1999 година против Баерн Минхен, кое се играше на „Камп ноу“, а „црвените ѓаволи“ го добија со головите на Теди Шерингам и на Оле Гунар Солскјер во судиското надополнување.  

Првиот натпревар кој се играше на „Олд Трафорд“, заврши со победа на Барселона од 0-1, а мечот на „Камп ноу“ ќе се игра утре со почеток во 21 часот.

Се вчитува...