Тотенхем на гостувањето во Манчестер загуби од Сити со 4-3, но тој пораз значеше и пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони поради головите постигнати на гостински терен.
За жал натпреварот го одлучуваше видеотехнологијата која прво го призна погодокот на Тотенхем за 4-3, за да подоцна, поради офсајд го поништи голот на Сити за 5-3 и спречи пласман во полуфиналето за „граѓаните“. Фудбалерот за врска на Сити, Фернандињо по натпреварот беше комплетно потиштен не можејќи да ја сокрие комплетната разочараност…
„Да ти е.ам и ВАР, и…” – кратко одговори Фернандињо пред медиумите, веднаш повлекувајќи се од микс-зоната.
Разочаран по мечот очекувано беше и менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола…
„Дадовме гол, а ВАР го направи преостанатото. Дали тоа беше правилна одлука? Зборуваме за сантиметри. Љоренте постигна гол со рака, но судијата не го погледна видеото од соодветниот агол, од друг агол се гледа дека тоа беше играње со рака” – истакна разочараниот Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА