Новиот кошаркар на Партизан, Бруно Фернандо говореше за клупскиот сајт по преминот во редовите на Партизан каде очекувањата се него се големи.
Анголецот со НБА искуство се приклучи од редовите на Реал Марид и вели дека е превозбуден што има шанса да игра пред една од најдобрите публики во светот на кошарката.
„Слушнав многу фантастични работи за овој клуб. За градот, навивачите, атмосферата и се што таа носи. Се чувствувам добро, многу сум возбуден што сум тука.
За мене е најважно повторно да ја најдам радоста во играта, да уживам во кошарката. Мислам дека овој клуб и овој град се вистинската шанса за тоа. Мислам дека оваа атмосфера и овие навивачи многу ќе ми помогнат да се вклопам и да се вратам на ниво на кое знам дека можам да играм“, изјави Фернандо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

