Ферстапен доминантен и во Барселона

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата сезонава во Формула 1, откако денеска на доминантен нашин славеше на Главната награда на Шпанија која се возеше на патеката Каталунија.

По вчерашната пол-позиција Ферстапен денеска во ниту еден момент не го препушти водството и стигна до петтата победа сезонава.

Подиумот го надополни двоецот на Мерцедес. Луис Хамилтон заврши на второто место, додека неговиот сонародник Џорџ Расел беше трети.

Во топ 10 уште се најдоа и: Перез, Сајнц, Строл, Алонсо, Окон, Жу и Гасли.

Се вчитува...