Ферстапен е „недопирлив“: Пол-позиција и во Австралија

Доминацијата на Макс Ферстапен на Ф-1 патеките продолжи и на квалификациите за пол-позицијата за трката за ГН на Австралија, на која актуелниот светски првак ќе стартува од првото место.

Ред Бул во првите два дена тренинзи имаше сериозни проблеми со болидот, Ферари делуваше најбрзо во Мелбурн откако Саинц водеше по првите две квалификациски рунди, но кога беше најважно блесна Ферстапен, холандскиот возач извозе речиси перфектен круг и по којзнае којпат во последните години ја остави конкуренцијата зад себе.

Тој имаше предност од огромни 0,27 секунди во одно на второпласираниот Карлос Саинц, третото место му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, пред Ландо Морис и Шарл Леклер. Мерцедес повторно имаше сериозни проблеми, па така Луис Хамилтон го освои само единаесеттото место во овие квалификации, четири позиции послабо од својот тимски колега Џорџ Расел.

„Малку неочекувано како излезе на крајот, но во секој случај презадоволен од начинот на кој возев во третата квалификациска рунда. Викендов не е нималку лесен, останува да се види како ќе биде на трката, Ферари делува моќно на долгите правци. Во секој случај, ќе биде интересно“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...