Ферстапен: Ф1 стана досадна поради Хамилтон

Доминацијата на Луис Хамилтон во Формула 1 стандува здодевна и време е новите возачи да се пробиваат смета пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен. По шестата титула на Британецот, осовена на две трки пред крајот на шампионатот, Ферстапен вели дека мора нешто да се менува.

„Добро ќе биде за спортот младите возачи да се пробиваат и се надевам дека ќе го преземат приматот. По малку е здодевно да се гледа како Хамилтон постојано победува. Мора да се обидеме да го промениме ова. Тој е веќе се постар и сигурно во еден момент ќе застане. Се на крајот зависи опд тимот“ – вели Ферстапен.

До крајот на Формула 1 шампионатот има уште две трки, во Бразил претстојниот викенд и потоа во Абу Даби на 1. декември. Хамилтон веќе ја има шестата титула и наспроти очекувањата на Ферстапен најави дека нема намера да запре и оти сака да освојува уште титули.

 

 

Се вчитува...