Ферстапен казнет, Леклер ќе тргне од пол позицијата во Мексико

На пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен му е одземена пол позицијата што ја обезбеди во квалфикациите за Ф1 трката за Големата награда на Мекиско. Тој е санкциониран со три позиции надолу поради непочитување на жолтите знаменца во завршниот круг од третата квалфикациска сесија. Ферстапен изјави дека видел оти Валтери Ботас имал удар, но дека не сфатил дека има истакнати знаменца.

Пол позицијата сега му припаѓа на возачот на Ферари Шарл Лекелр кој во првиот стартен ред ќе биде со тимскиот колега, Себастијан Фетел. Третата стартна позиција му припаѓа на Луис Хамилтон кој уште денеска може да ја обезбеди шестата шампионска титула, ако освои 14 бода повеќе од Валтери Ботас. Бостас имаше сериозен удар вечра во финишот од квалификациите, но обезбеди шесто место на стартот од трката.

Се вчитува...