Ферстапен ќе вози за Ред Бул до 2023 година

Макс Ферстапен ги одби понудите на Ферари и на Мерцедес, потпишувајќи нов долгогодишен договор со екипата на Ред Бул. Младиот Холанѓанец веќе докажа дека има шампионски потенцијал, а челниците на Ред Бул успеаја да го задржат во овој тим до крајот на 2023 година.

„Пресреќен сум што го продолжувам партнерството со овој тим. Ред Бул веруваше во мене, ми даде шанса да ја почнам мојата Ф1 кариера и ми овозможи да се развивам како возач. Со доаѓањето на Хонда и напредокот во изминатите 12 месеци, сега сум уште помотивиран и убеден дека можеме да победуваме заедно“ – изјави Ферстапен.

Холанѓанецот веќе има осум победи во својата Ф-1 кариера, во дебитантската сезона во 2016 стана најмлад победник на една Ф-1 трка. Негов тимски колега во новата сезона во болидите на Ред Бул ќе биде Александер Албон.

Се вчитува...