Ферстапен не знае за доста – победа и во првата трка во историјата во Лас Вегас

Макс Ферстапен ја продолжи серијата импресивни настапи уривајќи бројни рекорди оваа сезона со нова победа, оваа ќе биде од посебно значење за асот на Ред Бул бидејќи е забележана на првата трка во историјата што се возеше низ улиците на Лас Вегас. Американскиот град организираше спектакуларен настан во кој ривалите се надеваа дека би можеле да го изненадат светскиот шампион, но Ферстапен уште еднаш ја потврди својата доминација, стигнувајќи го својата 16. победа на последните 17 трки од Формула 1 шампионатот.

Трката почна максимално интересно, Ферстапен на самиот старт го мина Леклер, но стјуардите оценија дека тој го истуркал ривалот надвор од патеката, поради што светскиот првак беше казнет со пет секунди. Тоа се одрази на неговиот пласман, Холанѓанецот потоа на средина од трката имаше и контакт со болидите со Серхио Перез, но ниту тоа не го спречи на патот до победата. Тој за десетина кругови успеа да ги мине ривалите еден пред друг, а кога е најде на чело на колоната им побегна на најблиските конкуренти, импресивно стигнувајќи до победата.

Шарл Леклер со Ферари стигна до второто место откако во драматична завршница во последниот круг успеа да го мине Перез и да спречи еден-два победа на Ред Бул, а Џорџ Расел имаше четврто најдобро време, но поради казната од пет секунди што му беше изречена тој на крајот го освои само осмото место во оваа трка.

Се вчитува...