Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен стигна до победа на трката за Големата награда на Бахреин која поради конфликтот на Блискиот исток се вози во Малезија.
Холанѓанецот на патеката Сепанг стигна до победа во една во најмала рака чудна трка која траеше повеќе од три часа поради дождот на стартот и поради голем број проблеми на организаторот
По трката тој изјави дека е неверојатно ова што се случило денеска поради се што поминале тој и Ред Бул годинава.
„Неверојатно е да се биде овде по се низ што поминавме. Многу сум среќен за целиот тим и навистина е убаво да се победи овде во Малезија. Беше напнато, се случија многу работи. Се сеќавате дека на почетокот немавме соодветен ритам, па моравме да почекаме. Чекор по чекор напредувавме, а потоа ја возевме нашата трка се до излегувањето на безбедносното возило, така што се беше под контрола“, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
