Фетел е број 1 во Сингапур, продолжува доминацијата на Ферари

Себастијан Фетел излезе како победник од Ф-1 трката во Сингапур, продолжувајќи ја доминацијата на тимот на Ферари, кој на вистински начин одговори на импресивните настапи на Мерцедес на стартот од сезонава. Откако Шарл Леклер излезе како победник на последните две трки, денеска Фетел беше возачот што се најде на највисокото место на пиедесталот, излегувајќи како победник пред својот тимски колега.

Германецот ја стартуваше трката како третопласиран, но излезе како победник и со помош на тимската стратегија. Имено, Ферари реши Леклер подоцна да влезе во „бокс“, со што асот од Монако загуби драгоцени секунди откако се врати зад Фетел. Во натамошниот дел од трката германскиот ас успеа да се задржи на чело на колоната, на крајот радувајќи се на својата прва победа по Спа во 2018 година.

Леклер трката ја заврши на второто место, третопласиран беше Ферстапен, додека Луис Хамилтон го заврши денешниот настап како четвртопласиран во Сингапур.

Се вчитува...