Фетел за враќање во Формула 1: Постојано ми се врти тоа во глава, иако сега уживам со семејството дома

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел се пензионираше од најбрзото натпреварување во светот на крајот на 2022 година, но одново изрази желба за враќање во болид говорејќи во интервју за „Auto Motor and Sport“.

Германецот не вели „да“, но не вели и „не“. Според него би било лицемерно да даде одлука сега, а истата да не се испочитува во следните години.

„Немам ништо потпишано или одлучено, но постојано ми се врти тоа во глава. Имам уште време да одлучам. Ако во еден момент заклучам дека не може понатаму без трки повторно ќе возам. Навистина не знам што ќе се случи. Можам да кажам и дека нема шанси да се случи тоа, но за година дена кога ќе гледам некоја трка и почнам да паничам… Тогаш луѓето ќе зборат „Пред година дена рече дека не се враќаш“. Така да мислам дека подобро е да кажам дека никогаш не се знае. Тоа е големо обврска. Престанав да возам од повеќе причини. Уживам дома со мојата фамилија“, изјави Фетел.

Се вчитува...