ФФМ донесе одлука: Три бода минус за Гостивар и парична казна од 1.000 евра

Дисциплинската комисија одлучи да му одзеде три бода на Гостивар, за неправилниот настап на играчот Гордијан Христовски, а згора на тоа гостиварци ќе мора да платат глоба од 1.000 евра.

Гордијан Христовски ќе нема право за настап во следните шест месеци поради прекршување на дисциплинскиот прабилник.

Ова се одлуките:

– ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски;

– На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник;

Се вчитува...