ФФМ издаде лиценци на шест клуба за настап во Европа

Фудбалската федерација на Македонија ќе издаде шест лиценци на македонскте прволигаши за настап на меѓународна сцена следната сезона. Согласно барањата на клубовите, Одделението за лиценцирање при ФФМ ги издаде лиценците за настап во УЕФА натпреварувања за сезона 2017/18.

„Виза“ за настап на меѓународна сцена добија старо-новиот шампион Вардар, финалистите во Купот на Македонија, Шкендија и Пелистер, Работнички, Силекс и Ренова.

За учество во клупски натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2017/18 од Прва МФЛ барање доставија седум клубови, а одбиено е само барањето на Брегалница, која ионака не избори пласман. Штипскиот прволигаш испадна од Првата фудбалска лига.

Согласно пласманот, Вардар ќе ја претставува Македонија во квалификациите за ЛШ, а во квалификациите за Лигата на Европа ќе се пласираат победникот на Купот на Македонија, како и двете најдобропласирани екипи во шампионатот по шампионскиот тим.

Се вчитува...