ФИФА ја тужи УЕФА за вознемирување на Инфантино!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја тужи Европската фудбалска федерација (УЕФА) на суд во Мајами.

Причината е, како што тврдат од ФИФА, „кампањата од дезинформации поврзана со неуспешниот проект за продажба на светското првенство како натпреварување на приватни инвеститори, како и вознемирувањето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино“.

Се вели дека, во судската постапка покрената од ФИФА се бара блокирање на барањето на УЕФА за сите докази поврзани со обидот за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори.

УЕФА ги побара сите документи поврзани со, сега веќе, напуштениот проект, со нив во намера да го гони Инфантино за криминално лошо управување, продавајќи ги правата за турнирот под пазарната вредност за лична финансиска добивка.

Правните претставници на ФИФА истакнуваат дека постапките на УЕФА покажуваат дека нејзиното барање е поднесено со лоша намера и со цел вознемирување, и дека без никаква основа сугерира дека Инфантино се обидел да добие лична корист од предлогот за продажба на правата.

Во правниот поднесок на ФИФА се додава дека судот треба да го отфрли секој обид за влијание врз претседателските избори на ФИФА.

Пред два месеци, УЕФА ја повлече својата поддршка за Инфантино за нов, четврти мандат како претседател на ФИФА, но сè уште не го номинираше својот кандидат.

Рокот за аплицирање за претседател на ФИФА е 18 ноември, а изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат во март 2027 година на Конгресот во Рабат.

Се вчитува...