ФИФА не простува два пати: Вида повторно под истрага!

На Домагој Вида му се заканува суспензија од два натпревари откако ФИФА реши повторно да покрене истрага за однесувањето на хрватскиот дефанзивец откако утрово се појави нова видео-снимка од него како извикува „Слава за Украина“. Вида на снимката ја поздравува и кафеаната „Белград“ во Киев, но во светската куќа на фудбалот многу посериозно се занимаваат со делот за Украина, разгледувајќи дали станува збор за политичка провокација кон домаќинот Русија.

Само за потсетување, Вида беше под идентична истрага и по триумфот над „зборнаја“, тогаш ФИФА се реши само за опомена, па токму затоа зачудува односот на Хрватот, кој еден ден подоцна се јави со ново видео со слична содржина и истиот „проблематичен“ поздрав – „Слава за Украина“.

Доколку дисциплинците проценат дека станува збор за намерна провокација ќе следи и автоматска суспензија, што ќе значи дека членот на Бешикташ нема да може да настапи во полуфиналето против Англија, па можеби и на големото финале или мечот за третото место, доколку казната изнесува два меча неиграње.

Се вчитува...