ФИФА немоќна, УЕФА знае како: Протераниот судија ќе го суди Суперкупот на Европа!

УЕФА објави дека Сомалиецот Омар Артан е назначен за главен судија на Европскиот Суперкуп 2026, што претставува историски момент за африканскиот фудбал и судиската организација.

На 12 август, Артан ќе го суди дуелот помеѓу победниците на Лигата на шампионите, ПСЖ и победниците на Лигата на Европа, Астон Вила, во Салцбург.

Иако е релативно млад, Артан се етаблираше како еден од најпочитуваните африкански судии во последните години. Тој е на листата на меѓународни судии на ФИФА од 2018 година, а меѓу најзначајните натпревари што ги судел е реванш натпреварот од финалето на Африканската Лига на шампиони во сезоната 2025/26.

За своите настапи, тој ја доби наградата за најдобар машки судија во Африка за 2025 година.

Артан првично беше вклучен и на листата на судии за Светското првенство во 2026 година, но не можеше да учествува на турнирот бидејќи не му беше дозволено да влезе во Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...