ФИФА е на прагот да направи нов преседан на овој мундијал, менувајќи термин на натпревар од нокаут-фазата буквално во „пет до дванаесет“.
Станува збор за дуелот Мексико – Англија што требаше да се игра недела кон понеделник, ноќта во 1 часот по полноќ. Сепак, последните информации говорат дека овој дуел ќе биде презакажан и ќе се игра во 19 часот в недела навечер по средноевропско време, точно на пладне по локално време.
Причина се најавите за силен дожд и грмотевици во првично утврдениот термин, поради што ова осминафинале би можело да трае со часови, сценарио што светската куќа на фудбалот настојува да го избегне по секоја цена.
ФИФА има дискреционо право да промени термин на натпревар, па Инфантино и соработниците веќе ги известиле федерациите на Мексико и на Англија за овој план.
Иако настап на пладне по локално време не е идеално сценарио, во двата табора се согласни дека тоа е подобро отколку да играат меч со долга пауза поради грмотевици.
Поради ова, се очекува ФИФА веќе утре наутро да ја официјализира оваа одлука, па неделната програма да почне со мечот Англија – Мексико во 19 часот, а три часа подоцна ќе стартува дуелот Бразил – Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
