ФИФА покрена истрага против Германија за нацизам

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Германија бидејќи германските навивачи извикувале нацистички пароли на дуелот против Чешка.

Од ФИФА информираат дека се испитуваат „неколку инциденти“ и дека е отворена постапка и против Фудбалската федерација на Чешка. Одлуката за евентуални санкции ќе биде донесена на крајот на септември.

Репрезентацијата на Германија во Прага славеше против Чешка со 2-1 во натпреварот до квалификациите за СП. Околу 200 германски навивачи во текот на натпреварот извикваа нацистички пароли и го навредуваа германскиот репрезентативец, Тим Вернер, кој го постигна првиот гол.

Официјалните лица од Германската фудбалска федерација (ДФБ) по обвинувањето од ФИФА, наведуваат дека проблематичните навивачи, влезниците за мечот во Прага не ги набавиле по легални канали. Претседателот на ДФБ, Рајнхард Гриндел, уште претходно ги повика претседателите на националните фудбалски федерации во Европа, построго да ја контролираат продажбата на влезници и заеднички да се борат против хулиганизмот на трибини.

Се вчитува...