ФИФА се премисли, нема да го презакаже мечот Мексико – Англија

ФИФА донесе одлука да го презакаже натпреварот меѓу Мексико и Англија шест часа порано од предвиденото, за истото ги извести двете селекции… и на крајот се премисли решавајќи да не интервенира во календарот од овој мундијал.

Челниците на ФИФА беа решени дуелот да се игра точно на пладне по локално време (19 часот по средноевропско време) поради најавените грмотевици кои би можеле да го прекинат мечот и истиот да биде стопиран и неколку часа.

Сепак, бурната реакција на двајцата селектори од кои Мексиканецот Агуире јавно ги прозва челниците на ФИФА, надополнета со критиките на федерациите, придонесе светската куќа на фудбалот да се повлече од идејата.

Така, распоредот за недела останува ист… со почеток во 22 часот ќе се сретнат Бразил и Норвешка, а ноќта недела кон понеделник во 2 часот наутро силите ќе ги одмерат Мексико и Англија.

Се вчитува...