Филип Милошевски: Заедничката организација на ЕП 2022 е плод на добра соработка

ЕКИПА на ЕП во Загреб,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Заедничката кандидатура на Словенија, Македонија и на Црна Гора за организација на ЕП 2022 во женска конкуренција, е резултат на добрата соработка меѓу ракометните федерации на овие три земји и воедно е гаранција дека ова првенство ќе биде спортски настан на највисоко ниво.

Ракометот во Македонија е национален спорт број еден и нам ни е драго што е тоа така. Како федерација ги понудивме оние опции за одржување на ова првенство, арената „Борис Трајковски“, која ги исполнува сите капацитетни услови за организациja на еден ваков настан и сместувачките капацитети на Скопје. Со заеднички пристап, регионално може да направиме еден споортски настан на највисоко ниво на кој сите овие земји ќе бидат претставени на највисоко ниво. Од стартот кога аплициравме за заедничката кандидатура за овој голем настан имавме одлична комуникација и соработка со ракометните федерации на Словенија и на Црна Гора. Тоа е најдобра гаранција дека заеднички ќе организираме еден спортски настан на највисоко ниво“ – истакна генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

 

Се вчитува...