Финален состанок во ФФМ пред баражите за пополнување на Првата и двете Втори лиги

Во „Куќа на фудбалот“ денеска одделот за натпреварување и одделот за безбедност и интегритет одржаa работен состанок со претставниците на клубовите кои од 4. до 10. јуни ќе играат бараж натпревари за влез/опстанок во повисок ранг во МФЛ.

На клубовите им беше укажано да се почитуваат пропозициите во соодветните натпреварувања, да преземат неопходни мерки за безбедно одигрување на бараж натпреварите и повторно беше упатен повик за почитување на фер-плеј одредбите.

Шкупи и Новаци ќе одиграат два бараж натпревари за место во Прва МФЛ. Првиот дуел се игра на 4. јуни со почеток во 17 часот, додека возвратната пресметка е закажана на 7. jуни во 17 часот. Двата натпревари се играат на Градскиот стадион во Штип.

Гоблен – Зајази, Лабуништа – Зајази и Лабуништа – Гоблен ќе ги одиграат натпреварите на 4. јуни со почеток во 17 часот и на 7. jуни во 17 часот. Две од трите екипи ќе обезбедат место во Втора МФЛ – Запад.

Натпреварот Превалец – Каменица Саса се игра на 4. јуни во 17 часот на Градскиот стадион во Кочани. Победникот обезбедува место во Втора МФЛ – Исток.

Се вчитува...