Мика Муринен, младата финска кошаркарска ѕвезда летото го искористи за премин во редовите на Партизан каде сепак не добива голема шанса за настап во најсилното европско кошаркарско првенство, Евролигата.
Муринен се уште се адаптира на животот во европската кошарка, Србија и славниот српски тренерот Жељко Обрадовиќ, добро познат по темпераментот. Говорејќи за финаските медиуми, кошаркарот имаше интересен одговор за соработката со деветкратниот евролигашки шампион.
„Тој е најдобриот тренер кој сум го имал во животот. Надвор од теренот можам да му пратам порака од било кое место. Тренерот е добар човек и знае што прави. Не дојдов тука со идеја дека ќе играм 20 минути на секој натпревар и дека веднаш ќе добијам голема улога. Дојдов да научам што е можно повеќе и да извлечам максимум од најдобриот тренер во Европа. Повратните информации доаѓаат директно, без разлика дали се добри или лоши“, вели Муринен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

