Фиорентина со една нога во финалето на Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина се на чекор до пласман во финалето на годинашното издание во Копа Италија, откако во првиот натпревар од двомечот во полуфиналето славеа на гостувањето кај Кремонезе со 0-2.

Водство за тимот од Фиренца од 0-1 донесе Кабрал во 20. минута. Во второто полувреме во 73. минута Аиву доби директен црвен картон поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник, а пеналот сигурно го изведе Гонзалез за конечни 0-2.

Cremonese 0-2 Fiorentina – Nicolas Gonzalez penalty 74′
by u/Meladroite in soccer

Се вчитува...