Фирмино неизвесен за гостувањето на „Камп Ноу“?

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, би можел да го пропушти првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против Барселона на „Камп Ноу“. Дуелот ќе се одигра в среда, со почеток во 21 часот, а Бразилецот се жали на болки во мускулот. Тој го пропушти вчерашниот меч против Хадерсфилд од Премиер – лигата.

„Тренираше во четвртокот нормално, работевме на прекини и се беше во ред. Но, потоа се пожали на болки во мускулот. Сепак, Боби е таков, тешко е него да го одвоите од фудбалот. Ако и најмала шанса да игра, тој ќе биде во составот“, изјави менаџерот Јирген Клоп по триумфот над Хадерсфилд (5-0).

Евентуалното отсуство на Фирмино ќе биде голем удар за Ливерпул на дуелот против Барселона.

Се вчитува...