ФК Љуботен го спасува Тетекс

Раководството на најстариот фудбалски клуб во Македонија Љуботен ќе го спасува ФК Тетекс. Под мотото „Цело Тетово едно фудбалско семејство“, стартува новиот проект во кој ќе учествуваат двете тетовски екипи.

„На задоволство на сите љубители на фудбалот во Тетово, со особена чест и гордост, сакаме да објавиме дека раководството на ФК и ЖФК Љуботен, го презема под своја капа и ФК Тетекс, со што своето семејство го проширивме со клуб, со 70 годишна традиција, која ќе продолжи по патеките на успехот.

На ФК Тетекс по турбилентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група “Војводи”, решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува! Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај.

За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки“, стои во соопштението. 

Љуботен е најстариот македонски фудбалски клуб, формиран во 1919 година.

Се вчитува...