Флик го има најуспешниот старт како германски селектор

Ханс Флик има пет победи од исто толку натпревари на кормилото на германската репрезентација. Со вчерашната победа над Македонија, Флик го има најуспешниот старт во историјата на германскиот национален тим.

Пред него пет победи од неговиот старт на клупата на Германија имал само неговиот претходник Јоаким Лев. Меѓутоа селекцијата на Флик има нешто подобра гол разлика од онаа кога ја превзеде Лев.

Флик речиси сигурно ќе го престигне Лев, со оглед дека следен натпревар му е со Лихтенштајн дома, а квалификациите Германците ќе ги завршат со дуел против Ерменија на гости.

Се вчитува...