Флик сака да го продаде Балде, но проблем е Ламин Јамал…

Барселона одлично ја стартуваше сезоната, но тренерот Ханси Флик во консултација со директорот Деко веќе ги планира следните маневри на пазарот за јануарскиот преоден рок.

Информациите од Шпанија говорат дека Флик веќе го има избришано Алехандре Балде, левиот бек кој до лани беше стандарден на оваа позиција во тимот,  но во меѓувреме неговиот статус е целосно променет. Барса сакаше да го продаде Балде и пред крајот на летниот преоден рок, се најавуваше трансфер во Манчестер јунајтед, но се пропадна бидејќи самиот фудбалер инсистираше на останување на „Камп Ноу“.

Ситуацијата сепак наскоро ќе се промени, Флик е цврсто решен да го избрише Балде од својот тим и веќе дал насоки да се преговара за негова продажба на почетокот од 2027 година.

Единствен проблем во целата ситуација е Ламин Јамал, кому Балде му важи за најдобар пријател во тимот на Барса. Слабите игри на Ламин во првите две кола се поврзуваа токму со неизвесноста околу иднината на левиот бек, па германскиот стратег ќе има неколку месеци за да ја неутрализира ситуацијата на овој план, за потоа во јануари конечно да го продаде Балде.

Се вчитува...