Флоренци се враќа во Рома по крајот на сезоната

Алесандро Флоренци до крајот на сезоната е на позајмица во Валенсија, но според последните информации потоа се враќа во Рома.

Рома изненади многумина со одлуката да го испрати Флоренци на позајмица, затоа што беше еден од милениците на навивачите. Флоренци се покажа како добро засилување за Валенсија одигрувајќи квалитетно. Од Валенсија најавија дека ќе го откупат неговиот договор, но пандемијата на коронавирусот ги промени плановите.

Валенсија е жестоко економски погодена од кризата, па сигурно нема да може да го задржи Флоренци. Рома за него бара 15 милиони евра, но Валенсија не може тоа д си го дозволи па Флоренци се враќа во Рим.

Се вчитува...