Формата се темпира, за да биде „топ“ на 13 јануари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските ракометари продолжуваат со тренинзите на стартот од подготовките за ЕП 2018, во исчекување на Филип Миркуловски и Филип Талески, со што селекторот Раул Гонзалес ќе ги има на располагање сите ракометари.

Целта е јасна, формата добро да се темпира, за да нашите ракометари да бидат во топ-ритам за клучниот период, од 13 јануари и премиерната битка со Словенија во „Арена“ во Загреб. Како што посочи и селекторот Гонзалес, акцент во првата седмица ќе биде ставен на физичката подготвеност, за потоа да следи „шминкање“ на тактиката и детална анализа на формата на противниците.

[new_royalslider id=”887″]

Се вчитува...