Формула 1: Мерцедес отпушти четворица вработени поради расизам

Формула 1 тимот на Мерцедес отпуштил четворица вработени по спроведената истрага која утврдила дискриминација. Тимот потврдува дека имало отпуштање на вработени, но без детали за причините. Сознанијата сепак велат дека се работи за проблем со расистичка и религиозна нетрпеливост. Отпуштените биле во работени во седиштето на Мерцедес во Нортхамптонсајр.

„Најостро го осудивме однесувањето и веднаш презедовме чекори. Нашата работна средина се базира на меѓусебно почитување. Највисоко ги цениме различностите и тоа е силата на нашиот тим“ – стои во соопштението од Мерцедес.

Тимот на Мерцедес е актуелен и повеќкратен Формуал 1 шампион, водечки е и во тековниот шампионат, а бранителот на трофејот во конкуренција на возчи, Луис Хамилтон и во моментов е лидер во поредокот.

Се вчитува...