Фото на денот: Гладијаторот Кире Лазаров против „лавовите“ од Манхајм

Кире Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, па македонскиот „бомбардер“ неслучајно е во центарот на вниманието во пресрет на утрешниот реванш од осминафиналето на ЛШ меѓу Нант и Рајн-Некар Левен.

Европскиот вицепрвак ќе брка негатива од два гола против германскиот клуб, а неслучајно токму Лазаров е насликан како „гладијатор“ во пресрет на реваншот со „лавовите“ од Манхајм, како најава дека пласманот во четврт-финалето во голема мера ќе зависи токму од изданието на нашиот интернационалец.

„Кирил Лазаров – Гладијатор“ – единствена проекција на 30 март во 19 часот – гласи пораката на официјалниот постер за најава на натпреварот.

Се вчитува...