ФОТО НА ДЕНОТ: Минута молк од МЗТ и Хелиос за легендата Буштур

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Хелиос оддадоа почит за македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур пред денешниот меѓусебен натпревар од 18. коло во АБА 2 лигата кој пред празни трибини се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Буштур (69 години) синоќа трагично го загуби својот живот во тешката сообраќајна несреќа во скопската општина Кисела Вода. Зад себе остави беспрекорна кариера издвојувајќи се како еден од најголемите македонски спортисти на сите времиња.

Се вчитува...