ФОТО НА ДЕНОТ: Оооооо…опстанок!

Кај нас бре секогаш повеќе и поемотивно си го славиме опстанокот, отколку трофеите! Ние и онака си се бориме за „гол-живот“, па затоа и опстанокот во спортските натпреварувања си го доживуваме како да си се изборил за нов „живот“!

Така вчера и кавадарчани (Тиквеш) и тетовци (Тетекс) во еуфорија ја прославија можноста да останат во Втората лига, а денеска и прилепска Победа во својата соблекувална, по победата од 0-3 против Работнички и поразот на Шкупи во Кратово, си прославија… „Ооооооо…опстанок!“

Се вчитува...