ФОТО: Со неколку измени и со друга тактика на победа против Казахстан

И покрај суспензијата на Благоја Милевски, македонскиот селектор ќе го одреди составот за денешната пресметка со Казахстан (16:00 часот). А, во него ќе има неколку измени за разлика од мечот со Белгија, а се очекуваат исто така и измени во формацијата.

Така неместо со двајца напаѓачи, Македонија на „Астана Арена“ ќе излезе со еден најистурен, и тројца позади него. Исто така има и измени во играчкиот кадар, па во стартниот состав ќе го нема Бојан Илиевски, а неговото место се очекува да го заземе Стефан Ашковски. Дарко Чурлинов и Александар Трајковски исто така, согласно најавите, се очекува да добијат шанса денеска.

Покрај Ашковски, одбраната ќе ја сочинуваат и Муслиу, Зајков и Алиоски. Барди и Костадинов како последни играчи за врска, пред нив Елмас кој ќе помага и во нападот, додека на страничните позиции ќе бидат Трајковски и Чурлинов, пред истурениот Миовски.

Се вчитува...