ФОТО: Специјално признание за легендарниот Мето Спасовски…, но и Најдоски, Станојковиќ…!

Одбележувањето на јубилејот „75 години ФК Вардар“, од најтрофејниот македонски клуб го искористија да им се заблагодарат со признанија на сите свои легенди но и поранешни фудбалери и тренери кои дале огромен придонес за развојот на клубот низ неговата историја.

Признание добија фудбалот со најголем број настапи за Вардар во историјата, до крај верната легенда Кочо Димитровски кој го имаше и првиот шут на пријателскиот меч со Железничар, но и Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски, Атанас Грнчаров, Васил Рингов, Жарко Серафимовски, Ванчо Балевски, Горазд Михаилов, Жикица Тасевски, Драги Сетинов, Филип Деспотовски, Никола Аврамовски, Никола Глигоров, Златко Таневски, Стојмир Урошевиќ, Драган Веселиновски, Дејан Блажевски, Сократ Мојсов, Ангел Ефремов, Гордан Здравков, Гоце Алексовски, Љупчо Рајчевски…. А, специјално признание доби и едно од најславните имиња на ФК Вардар и македонскиот фудбал, воопшто, Мето Спасовски кој во своите најславни денови беше и репрезентативец на поранешна СФРЈ.

Мето Спасовски засекогаш ќе остане запаметен и по настапот за репрезентацијата на поранешна Југославија против Бразил во 1968 година на легендарната „Маракана“, пред речиси 150.000 гледачи на трибините, запишувајќи се и како стрелец на првиот гол за Југославија во натпреварот кој заврши без победник, 3-3.

А, на трибините вечерва во Скопје беа и бројни славни македонски фудбалски имиња поврзани со Вардар. Директорот на клубот од неговите најславни времиња на почетоците на независна Македонија, Драган Томовски, легендите на клубот како Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Алексо Мацков, Љупчо Марковски – Калц, Ванчо Трајчев, но и поранешни негови фудбалери и тренери беа на трибините на арената „Тодор Проески“.

Се вчитува...