ФОТО: „Вардарци“ со поддршка за Металург

Металург вечерва води битка за влез во групната фаза од ЛШ против швајцарски Криенс, а на трибините на СЦ „Јане Сандански“ македонскиот тим има поддршка од ракометарите на Вардар.

„Црвено-црните“ завршија со вечерашниот тренинг, по што се качија на една од трибините зад голот, за да ја проследат битката за триумф во Скопје.

Со оглед на израмнетата битка, сепак е јасно дека патникот во групната фаза ќе биде познат по реваншот што следната седмица ќе се игра во Швајцарија.

Се вчитува...