ФОТО: Златан е „амајлијата“ за Ферари во Лас Вегас…

Возачот на Ферари, Шарл Леклер утре ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Лас Вегас откако имаше најдобро време во денешните квалификациски трки.

Неговиот клупски колега Карлос Саинц постигна второ најдобро време, но ќе биде казнет со десет места на стартот поради оштетување на болидот за кое не е виновен, оставајќи ја втората стартна позиција на Макс Ферстапен од Ред Бул, кој веќе ја осигура третата титула светски шампион во Формула 1.

Како и да е, јасно е дека и двајцата возачи на Ферари имаа квалитетни изведи во Лас Вегас, а се чини откриена е нивната амајлија – Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот шведски фудбалер квалификациските трки ги проследи од боксот на Ферари, а веднаш по пол-позиција на Леклер се најде и на местото од каде утре ќе стартува нагласувајќи го и својот „удел“ во трката на возачот на Ферари.

Се вчитува...