ФОТОГАЛЕРИИ: „Братска делба“ во Автокоманда, Бутел до цел плен во Пролет

Ракометарите на Бутел благодарение на одличната одбрана што ја играа повеќе од 40 минути стигнаа до заслужeн триумф над Пролет. За тимот на Матлиески ова е прв пораз сезонава, но Пролет останува меѓу главните кандидати за влез во плејофот, заедно со Металург, Охрид и со Бутел.

Многу понеизвесно беше во Автокоманда, каде во меч со многу пресврти Металург ремизираше против Охрид. И двата тима имаат за што да жалат, охриѓани за предноста од „плус четири“ од првото полувреме, Зоран Кастратовиќ за водството од два гола што неговите играчи го прокоцкаа во финишот, па поделбата на пленот сепак се чини како најреален исход на овој меч.

Се вчитува...