Фотогалерија: Ракометарите горат од желба – да се покаже вистинското лице против Швајцарија

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари го одржаа и последниот тренинг пред утрешниот дуел со Швајцарија, последен меч за Македонија на ЕП 2024. Првопласираните две селекции продолжуваат во следната фаза од шампионатот, тоа се Франција и Германија, додека Македонија и Швајцарија утре во 18 часот ќе водат битказа третото место.

Учеството на ЕП е завршено, но мечот не е без значење, ако се знае дека третата позиција ќе носи и улога на носител на наредниот мундијалски бараж, доволна причина за да се остане максимално фокусиран и да се одигра најдобриот меч на овој шампионат.

Ракометарите се свесни дека можат да играат на повисоко ниво отколку на првите две средби, па се максимално мотивирани токму со Швајцарија да се покажат во вистинско светло, како најава за подобри денови на македонскиот сениорски ракомет.

Се вчитува...