ФОТОГАЛЕРИЈА: Тестот наречен Грција успешно минат

Македонските ракометари успешно го минаа денешниот тест со селекцијата на Грција, славејќи над јужниот сосед со конечни 33-30, меч во кој подолг период во второто полувреме имаа и шест гола предност.

Селекторот Лазаров имаше што да види и испроба како тактички варијанти на овој меч, а по слабиот почеток работите дојдоа на свое пред крајот на првото полувреме. Осцилациите во играта се очекувана работа кога се гради нова репрезентација, но јасно е дека предизвиците на ЕП ќе бидат уште поголеми, а со тоа правото за грешка сведено на минимум.

На сите им е јасно дека во нашата игра има простор за напредок, нешто што ќе мора да се покаже и на терените и во Дизелдорф и во Берлин. Фактот дека се патува без посериозна резултатска амбиција и притисок треба да биде искористен за да се одигра на највисоко ниво и да се покаже дека пред оваа репрезентација е добра иднина.

Се вчитува...