Фотографија со посебна тежина: Столе и Жаре со „дебелкото“ од Конго

Светското првенство 2021 во Египет, поради пандемијата на коронавирусот но и поради лошата организација на домаќините, многумина брзо ќе го заборават.

Но, дефинитивно Мундијалот 2021 ќе се памети по „дебелкото“ од ДР Конго, Готије Мвумби, кој, поради својата големина, стана миленик на ракометниот свет изминатиов период.

Сето тоа го искористија и македонските репрезентативци Столе Стоилов и Жарко Пешевски кои со својот колега-пивот одлучија да овековечат една фотографија, која засекогаш ќе биде со посебна тежина.

Се вчитува...