Франческо Тоти одлучил: Останува во Рома како директор на клубот

Легендарниот Франческо Тоти нема да ја напушти Рома, иако ја заврши својата фудбалска кариера на крајот од минатата сезона. Иако имаше гласини дека можеби ќе продолжи да игра некаде далеку од Италија, во МЛС – лигата на САД или во Јапонија, сепак, тој ќе остане на „Олимпико“, во својот клуб Рома, како директор. Тоа го потврди новиот тренер на „волчицата“, Еузебио Ди Франческо.

„Речиси сме сигурни дека Тоти ќе биде нов директор на Рома. Неодамна зборував со него, и среќен сум што ќе го имам крај мене. Ќе ми биде од голема помош. Очигледно е дека како нов тренер не ја познавам толку добро средината, а Тоти ќе ми биде од голема помош, како некој што знае се за клубот. Тој ќе биде релацијата за сите во клубот“, откри Ди Франческо.

Се е подготвено Тоти да стане извршен директор на Рома, и заедно со Мончи, кој е спортски директор, ќе бидат новата раководна структура на римскиот клуб.

Се вчитува...